Подобрување на животот на ромската популација
Според истражувањата на граѓанскиот сектор, поголем дел од анкетираните Роми рекле дека се без образование и без работа. Надлежните ветуваат подобрување на состојбата на оваа категорија граѓани...

50 проценти од Ромите кои живеат на периферија од градовите или т.н. ромски маала живеат во домови со влага, немаат приклучик на канализациска мрежа, дел од нив немаат вода, покажува истражувањето на граѓанските организации направено во Штип, Прилеп и Чаир. Податоците треба да помогнат при изготвување на политиките и спроведување на проектот „Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ како и зајакнување на ромската зедница во процесите на социјална инклузија.
Академсаката јавност нуди помош за урбанизација на ромските населби. По декадата на Ромите надлежните со мерката „Интеграција на Ромите 2020“ ќе го подобруваат животот и стандардот на Ромите.
Истражувањата покажуваат дека 50 проценти од Ромите се невработени, степенот на образование варира од општина во општина. 40 проценти од семејствата во Чаир се со приходиод 12.000 денари, исто толку семејства одПрилеп се со приходиод 3.000.
Во ромските семејства најголем број членови се деца и млади. Само 3 проценти од нив имаат над 65 години.
Наташа Јанчиќ
