Германија ги легализира истополовите бракови

30.06.2017 14:03

Законот беше усвоен со гласовите на пратениците од Социјалдемокартската партија на Германија, Сојузот на зелени и партијата Левица, како и на некои од претставниците на Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел.

Германскиот Бундестаг усвои закон со кој во Германија се легализираат истополовите бракови.

Законот беше усвоен со гласовите на пратениците од Социјалдемокартската партија на Германија, Сојузот на зелени и партијата Левица, како и на некои од претставниците на Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел.

За разлика од нив, самата Меркел и мнозинството од претставниците на ЦДУ, гласаа против законот.