Средба Заев- Бартол

30.06.2017 15:09

Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија, Горазд Бартол, оценил дека правецот во којшто се движи Македонија е добар и отвора перспективи за граѓаните и за евро-атлантските апсирации на земјава...

Премиерот Зоран Заев на средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија, Горазд Бартол. Бартол оценил дека правецот во којшто се движи Македонија е добар и отвора перспективи за граѓаните и за евро-атлантските апсирации на земјава.

Заев, пак, изјавил дека Владата е одлучна да ги остави предрасудите во минатото и да ја обезбеди иднината на државата, којашто е во НАТО и во Европската унија. Очекува по Црна Гора, Македонија да биде идната земја- членка на Алијансата.