Анкетен лист

Вицепремиерот Анѓушев „тежи“ 28 милиони евра

30.06.2017 15:45

Анѓушев поседува куќа и пет стана во Скопје, имот на Халкидики, уште еден стан во Белград, луксузни автомобили, часовници, накит и слики. Вели дека ова е причината зошто решил да се откаже од платата од 81 илјада денари и да ја донира во добротворни цели.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на брифинг со новинарите го претстави анкетниот лист што го доставил до Антикорупциската комисија. Неговото богатство се проценува на околу 28 милиони евра, од кои се највредни акциите во групацијата „Фероинвест“.

Тој поседува куќа и пет стана во Скопје, имот на Халкидики, уште еден стан во Белград, луксузни автомобили, часовници, накит и слики. Вели дека ова е причината зошто решил да се откаже од платата од 81 илјада денари и да ја донира во добротворни цели.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, прашаа како во наводен „режим“, Кочо Анѓушев се стекнал со ова богатство.