Јанева: Не работам според имиња или функции, работам според докази
30.06.2017 15:50
Таа вели дека би била многу среќна ако оние кои се опфатени со предмети се невини и се повлечат сите тужби против нив.

„Не работам според имиња или функции што некои луѓе ги носат, работам според докази“- изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на конференција за право во Тетово.
Таа вели дека би била многу среќна ако оние кои се опфатени со предмети се невини и се повлечат сите тужби против нив.
„Ако кој било има аргументи дека работам против поединци или слично, јавно нека го каже тоа“- рече Јанева. Потврди дека има неколку предистражни постапки за членови на ДУИ, но и оти пречка е јазикот.
Протестите пред судот не ги коментираше.
