„РИКО“ од септември со први проекти за младите
Една година од потпишувањето на спогодбата за формирање на Канцеларијата за регионална младинска соработка. Од септември, „РИКО“ почнува со првите проекти...

Да се промовира духот на помирување и соработка меѓу младите луѓе во регионот, преку програми за размена и да се слушне мислата на младиот човек преку активизам и неформалното учење да се придонесе за социјална, културна и образовна интеграција на младите во општеството, има за цел „РИКО“ системот. Според амбасадорот на Франција, Тимоние, Mакедонија меѓу првите земји го потпиша договорот, а тоа е сигнал дека се мисли на иднината и во тешки услови.
„Ја создадовме оваа организација според моделот на соработка помеѓу младинските организации од Франција и Германија, што одиграа голема улога во процесот на помирување на двете земји. Сега е време да се започне со проектите, има седиште во Тирана и генерален секретар од Белград, така што ништо не е невозможно и ова е иднината“, рече амбасадорот Тимоние.
Идејата за младинска канцеларија се водела од примерот на Франција и Германија.
„Во Македонија, се зборува за отворање нова страница и тоа е поврзано со отворањето на младинската канцеларија, а треба да се искористи можноста за РИКО да профункционира“, вели германската амбасадорка Алтхаузер.
И младите од Македонија треба да бидат вклучени и да бидет дел од сите проекти во повеќе сфери.
На самитот во јули во Трст ќе бидат одржани бизнис форум, како и состанок за борба против корупцијата, а од таму ќе се испарти порака на дијалог и подобра соработка меѓу земјите од регионот.
„РИКО“ е формиран минатата година и е инспириран од француско-германскиот модел на помирување.
Дијана Ценевска
