Седница на Економско-социјалниот совет

30.06.2017 16:43

Измените за породилното отсуство и стратегијата за безбедност и здравје при работа, главни теми на Економско- социјалниот совет. Прашањата се важни- рече министерката Царовска. Покани, и исклучени и нерепрезентативни синдикати. Од Сојузот и од Конфедерацијата и одговорија дека направила преседан и го прекршила Законот...

35-тата седница на Економско- социјалниот совет не го дочека крајот во комплетен состав. Претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати ја напуштиле средбата бидејќи имале забелешки на одлуката на министерката Царовска да повика и нерепрезентативни како и исклучени синдикати. Сепак некои од синдикатите останале до крајот на седницата на Советот.

Работодавачите и синдикалците едногласни. Колективниот договор иако истекува во јули и натаму продолжува да важи. Сите надоместоци, регреси и К-15 ќе бидат исплаќани како што е веќе договорено.

Министерката Царовска ги повика сите синдикати да бидат присутни на седниците на советот затоа што само преку дискусија со работодавачите ќе можат да се унапредат правата на работниците.

 

Свето Николовски