Снежни виулици во САД, поплави во Велика Британија
Далноводи обложени со мраз, паднати дрвја, превртени автомобили на автопатите, се резултат на обилните врнежи од снег и леден дожд...

Снежното невреме предизвика хаос во југоисточните делови на САД. Далноводи обложени со мраз, паднати дрвја, превртени автомобили на автопатите, се резултат на обилните врнежи од снег и леден дожд. Бурата предизвика проблеми во патниот сообраќај, над 360 илјади домаќинства се без електрична енергија, откажани се илјадници летови, а во некои делови властите издадоа предупредување граѓаните да бидат внимателни.
„Не излегувајте од дома. Не правете ништо што би можело да ве доведе во опасност“, изјави Пат Мек Крори гувернер на северна Каролина.
Како последица на лошото време досега починаа триенаесетмина. Претседателот Обама донираше помош за Атланта која засега е најзагрозена. Локалното население ги празни продавниците, а некои населби најмалку уште една недела ќе бидат без струја. Националната меторолошка служба ја оцени сотстојбата како алармантна и најавиобилни снежни врнежи и во наредните денови. Невреме и во Велика Британија. Поплавите и силниот ветер со брзинаод 160 километри на час ја однесоа првата жртва. Властите издадоа црвен степен на тревога .
„Нема да дозволиме луѓето кои претрпеа гоолеми штети сами да ги реновираат домовите, секако дека ќе им помогнеме. Но, треба да бидеме подготвени за секоја природна непогода“, изјави Ерик Пиклес претставник на локалната самоуправа.
Се очекува нивото на Темза денескада достигне највисоко ниво во последните 60 години.
Марија Петковска
