Ограничување на пловидбата за скутери и чамци

01.07.2017 13:49

Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.

Од денеска почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.

Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 5 часот наутро.

Целта на ваквата мерка е подигање на нивото на безбедноста во пловидбата и на капачите. За непочитување на ограничувањето стапува на сила забрана за пловидба и се изрекува глоба.