Земјотрес од 3,9 степени според Рихтер во Охридско

02.07.2017 11:55

Земјотресот чиј епицентар бил на седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри, почувствуван е во Охрид и Струга...

Земјотрес со магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11 часот и 39 минути, во охридското епицентрално подрачје. 

Земјотресот чиј епицентар бил на седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри, почувствуван е во Охрид и Струга. Земјотресот бил со интензитет од четири степени според Европската макоросеизмичка скала.

Од 18ти минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена. Најсилниот се случи на 20 минатиот месец во 15 часот и 10 минути и беше со магнитуда од 3,6 стпени според Рихтер.