Солзавец и гумени куршуми во Бразилија

13.02.2014 12:52

15 илјади селани безземјаши маршираа кон претседателската палата...

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бразилија. 15 илјади селани безземјаши маршираа кон претседателската палата и се обидоа да кренат барикади, но полицијата ги спречи со солзавец и гумени куршуми, на што возвратија со камења.

 
Повредени се 30 полицајци и 2 демонстранти. Земјоделските работници веќе 30 години бараат сеопфатна земјишна реформа и државата да им додели неискористена земја на семејствата што немаат.