Нимиц во Скопје на средби со државниот врв
Нимиц доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада, со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.

Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц од денеска до 4-ти јули ќе престојува во Скопје на разговори со македонскиот државен врв за можностите за решавање на спорот за името.
Нимиц доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада, со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.
Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине за Атина.
Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција, последен пат ги посети двете земји на крајот на јули 2014 година.
