Зголемени потребите за наводнување
Високите температури го забрзаа зреењето на пченицата, но се претопли за јачменот чие зрно предвреме почнува да паѓа. Жештините веќе зедоа дел од родот на житото. Агрономите предипредуваат дека за пролетните култури е потребно да се зголемени наводнувањето.

Топлотниот бран кој ја зафати Македонија ја исуши влагата од големите врнежи и градот и овозможи влегување на комбајните за почеток на жетвата на јачмен и забрзано зреење на пченицата.
Проблемите со лошото време кое го следеше развојот на житото останаа, а со нив и недоволно развиеите и не доволно високи стебла кои се ниски за комбајните, а големите се и штети од јаката зима која не дозволи нормален развој на вегетацијата и го преполови бројот на зрната во класјето. Првите резултати од жнеењето покажуваат дека имаме приноси кои се далеку пониски од просечните, а и квалитетот на родот е послаб.
Промента на времето и дождот по жештините краткотрајно ја прекинаа жетвата и ќе ги намали температурите барем за неколку дена, а понатаму според метеоролозите повторно ќе растат.
Ваквите температури бараат и поголемо наводнување за да се спасат пролетните култури кои се во фаза развој кога им се потребни големи количества на влага во почвата.
Методија Трајков
