Досега одбиени сите барања на СЈО за притвор, денеска одлука за „Титаник“

03.07.2017 10:39

Одбиени се сите барања на СЈО за притвори. Оттаму најавија дека од денеска ќе ги обжалат одлуките пред Апелацискиот суд.

Кривичниот суд не ги прифати барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор на пет лица во обвинението со кое се опфатени предметите „Тврдина“ и „Таргет“.

Предлогот го отфрли како неоснован, но одлучи да им се одземат пасошите на обвинетите. Со оваа одлука бројот на одземени пасоши во процесуираните предмети на СЈО се зголемува на 29, а против вкупно 35 лица се определени мерки за претпазливост.

Одбиени се сите барања на СЈО за притвори. Оттаму најавија дека од денеска ќе ги обжалат одлуките пред Апелацискиот суд.

Кривичниот суд треба да одлучи за побараните мерки во предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности, а во кој се обвинети 20 лица.