Нимиц на средби со Заев и со Димитров

03.07.2017 10:45

Нимиц е во Скопје со цел да се дискутира за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името. Пред неговото доаѓање во Скопје, Нимиц истакна дека нема конкретен предлог.

Во Владата, средба на премиерот Зоран Заев со посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц. Нимиц е во Скопје со цел да се дискутира за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името. Пред неговото доаѓање во Скопје, Нимиц истакна дека нема конкретен предлог.

Медијаторот треба да се сретне и со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Вчера беше примен од претседателот Иванов.

Македонската страна години наназад дава континуиран придонес и иницијативи во насока на градењето доверба меѓу двете држави и двете општетства. Неопходно е двете страни да дадат дополнителен имплус за надминување на ова прашање кое има суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион, истакнал претседалот Иванов на средбата со амбасадорот Нимиц.

Претседалот потенцирал дека е неопходно стрикно придржување до рамката во која се водат разговорите, времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Повика да се почитуваат меѓународното право и доследноста кон меѓународно преземените обврски.

На покана на грчката влада, Нимиц утре ќе замине за Атина.