ВМРО-ДПМНЕ: Договорот меѓу Бугарија и Македонија е нетранспарентен
Заев во изборната кампања ветуваше експертски дебати и јавни расправи за секое позначајно општествено и државно прашање, за сега да гледаме дека тоа било една голема лага, стои во дописот.

Договорот меѓу Бугарија и Македонија е целосно нетранспарентен. Тоа што Заев го договарал во Софија задира во постоењето на македонската држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев во изборната кампања ветуваше експертски дебати и јавни расправи за секое позначајно општествено и државно прашање, за сега да гледаме дека тоа било една голема лага, стои во дописот.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Заев не само што не ги осуди бугарските националистички изјави, туку од Софија си ја обвини сопствената држава дека ширела национализам и омраза.
Од партијата потенцираат дека се за градење добрососедски односи базирани на заемно почитување, но дека никогаш нема да се согласи на нешто што е во спротивност со македонските државни и национални интереси.
