Детска хирургија: За четири години оперирани 250 бебиња со срцеви маани

03.07.2017 11:27

250 бебиња со срцеви мани се оперирани за четири години на Детската хирургија. Најмалиот пациент имал само неколку дена и тежел 1,8 килограми. Бројот на операции секоја година се зголемува...

На Детска хирургија за четири години оперирани се 250 бебиња со срцеви мани. Во рамки на проектот се оперираат сите вродени детски кардиопатии вклучително и оние најсложените. Најмалиот пациент е опериран само неколку дена по раѓањето и имал 1,8 килограми. Бројот на операции секоја година се зголемува 20-30 отсто, вели хирургот Владимир Чадиковски, кој го предводи македонскиот тим.

Македонскиот тим, засега, самостојно изведува околу 70 отсто од предоперативниот, оперативниот и постоперативниот дел од лекувањето на децата со вродени срцеви аномалии.

Доктор Чадиковски потенцира дека мора да се подигне свеста и информираноста на бремените жени кај кои пренатално е виден плод со срцева мана по 25 гестациска недела.

За пет години на Детска хиругија поминале 400 едукатори. Сега работат со лекраски тим од Белград. Еднаш месечно македонскиот тим оди во Белгард и српскиот доѓа во Македонија. Прокетот треба да финишира до крајот на годината.  

Наташа Јанчиќ