Осуммина ранети крај џамија во Авињон
03.07.2017 11:38
Инцидентот се случил по вечерната молитва. Напаѓачите се во бегство.

Осум луѓе се ранети во вооружена престрелка крај џамија во Авињон, јужна Франција. Инцидентот се случил по вечерната молитва. Напаѓачите се во бегство.
„Четворица дојдоа во црно „рено“. Двајца отворија оган кон народот. Надвор имаше триесетина луѓе, почнаа да бегаат, а напаѓачите тргнаа по нив. Младите трчаа кон џамијата за да се спасат, но во тој момент почнаа да излегуваат верниците од објектот, тогаш им заврши молитвата, така што настрадаа и тие“, вели еден очевидец на настанот.
Полицијата ја исклучи можноста дека станува збор за екстремистички напад, оценувајќи дека веројатно случајот е поврзан со расчистување на сметки меѓу млади лица.
