Најмалку 14 загинати при напад врз бегалски камп во Ирак

03.07.2017 12:03

Повеќето жртви се деца и жени, а убиени се и двајца припадници на безбедносните сили. Засега никој не презеде одговорност за нападот.

14 луѓе загинаа, а 13 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во камп за раселени лица во ирачката провинција Анбар.

Повеќето жртви се деца и жени, а убиени се и двајца припадници на безбедносните сили. Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Џихадистичката група Исламска држава се уште контролира делови од провинцијата Анбар лоцирана крај границата со Сирија, Јордан и со Саудиска Арабија.