Протести во Хамбург пред самитот на Г20

03.07.2017 12:21

За време на самитот на Г20 се ангажирани 20.000 полицајци...

Илјадници демонстранти излегоа на мирен протест во Хамбург против климатските и трговските политики на главните економии во светот чијшто самит ќе се одржи во овој германски град неделава.

За време на самитот на Г20 се ангажирани 20.000 полицајци, а на територијата на Хамбург се организирани привремени центри за приведување на оние кои ќе го нарушат на мирот.