За конкурентно земјоделство да се следат светските трендови
Само три проценти отпаѓа на органското производство. Од ресорот земјоделство најавуваат силна поддршка на целиот сектор.

За да биде конкурентно македонското земјоделско производство, треба да се следат светските трендови. Само три проценти отпаѓа на органското производство. Од ресорот земјоделство најавуваат силна поддршка на целиот сектор.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостоланство Љупчо Николовски најави дека со планираната поддршка од 160 милиони евра за земјоделството, акцентот ќе биде на органското производство за чиј развој Македонија има услови и може да понуди производи со додадена вредност и квалитет.
Преку мерките во рамки на Програмата и програмите што ќе се носат во следниот период ќе предвидиме и дополнителни субвенции и нови мерки за модернизација на органското производство, но и засилена поддршка на извозот и на промоцијата на органските производи, изјави Николовски.
На претстојниот форум во Трст се очекува потпишување на спогодба за заедничка економска зона со земјите од регионот за отстранување на бариерите, за да се зголеми конкурентноста на домашните компании.
