Нови протести во Украина

13.02.2014 12:59

Во Киев, опозицијата организира национални протести – едночасовен прекин на работата и марш низ улиците на Киев...

Шефот на руската дипломатија Лавров оцени дека дошол „моментот на вистината“ во односите ЕУ-Русија и го обвини Западот за притисок врз Украина.

Во Киев, опозицијата организира национални протести – едночасовен прекин на работата и марш низ улиците на Киев.

Опозицискиот лидер Јаценјук, пак, беше испрскан со зелена боја од непознат напаѓач. Инцидентот се случил кога излегувал од болница по посетата на поранешната премиерка Тимошенко во Харков.