Собраниска седница за разрешување на Зврлевски на 5-ти јули

03.07.2017 13:06

Расправата за смена на Зврлевски е на предлог на Владата која сметаше дека тој незаконски, ненавремено и недоволно стручно ја извршувал работата.

Собраниската седница на којашто ќе се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски ќе се одржи в среда на 5-ти јули. Ова прашање е 30-та точка на дневниот ред.

Расправата за смена на Зврлевски е на предлог на Владата која сметаше дека тој незаконски, ненавремено и недоволно стручно ја извршувал работата.

Предлогот со мнозинство гласови го прифати и Советот на јавните обвинители.