Земјотрес од 5 степени според Рихтер во Охрид, почувствуван и во Скопје

03.07.2017 13:32

Според Европскиот сеизмички центар, земјотресот бил со епицентар на 5 километри северозападно од Ресен, на длабочина од 10 километри. Почувствуван е во Охрид, Струга, но и во Скопје.

Земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 13 часот и 18 минути во охридското епицентрално подрачје.

Според Европскиот сеизмички центар, земјотресот бил со епицентар на 12 километри Североисточно од Охрид, на длабочина од 10 километри. Почувствуван е и во Скопје.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена.

Ноќеска во 3 часот и 45 минути е регистриран уште еден потрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер.