Тлото во Охрид не се смирува: Последниот земјотрес почувствуван низ цела Македонија

03.07.2017 14:25

Земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтер во 13 часот и 18 минути повторно го потресе регионот. Епицентарот на земјотресот бил 10 километри источно од Охрид. Со помали интензитети, земјотресот е почувствуван на цела територија на државава и околните земји.

Тлото во Охридско не се смирува. Нов силен земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтер во 13 часот и 18 минути повторно го потресе регионот. Епицентарот на земјотресот бил 10 километри источно од Охрид.

Со помали интензитети, земјотресот е почувствуван на цела територија на државава и околните земји. Два земјотреса имаше и рано изутрината. Првиот во 3 часот и 9 минути со Рихтерова магнитуда 2,8, а вториот во 3 часот и 54 минути со 3,7.

Земјотресите кои повеќе од десет дена го тресат Охрид предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. Тие бараат стручни лица да излезат на терен и да ги испитаат причините за тресењето на тлото под Охрид, каде во овој период се регистрирани над 800 земјотреси, во најголем дел со слаб интензитет.