Франција: Уапсен маж кој планирал убиство на Макрон
03.07.2017 14:56
Медиумите пренесуваат дека станува збор за 23-годишен маж кој што бил уапсен во околината на Париз...

Француската полиција уапсила едно лице кое планирало да го убие претседателот Емануел Макрон на воената парада на 14-ти јули.
Медиумите пренесуваат дека станува збор за 23-годишен маж кој што бил уапсен во околината на Париз, поради објава на интернет страница за видео игри дека планира да купи оружје и да го убие претседателот на предстојната воена парада.
