Македонските производители на органска храна да вложат во нови технологии
За да биде конкурентно македонското земјоделско производство, треба да се следат светските трендови. Само три проценти отпаѓа на органското производство. Од ресорот земјоделство најавуваат силна поддршка на целиот сектор. На претстојниот форум во Трст се очекува потпишување на спогодба за заедничка економска зона со земјите од регионот за отстранување на бариерите, за да се зголеми конкурентноста на домашните компании...

Квалитетот на македонскиот производ сѐ уште му овозможува да биде добро препознаен на европските пазари, но продуктивноста и конкурентноста се сѐ уште проблем. Недоволно се применуваат современите технологии во производството и има голема расцепканост на површините.
Според производителите на органско производоство, во последните години најголем проблем се климатските промени.
Од Агенцијата за храна велат дека контролите се вршат на безбедносни барања за храната, како и на информациите за означувањето на органските производи кои се ставаат во промет. Неправилности има и во начинот на употребата на хемиските препарати.
За годинава поддршката во земјоделството ќе изнесува 160 милиони евра, акцентот ќе биде на органското производство. Ќе бидат предвидени и дополнителни субвенции и нови мерки за модернизација на органското производство.
Се очекува за зголемување на конкурентноста да помогне и спогодбата за заедничка економска зона што се очекува да се потпише во Трст овој месец.
Дијана Ценевска
