Собраниска расправа за Народниот правобранител

03.07.2017 16:26

Во македонското Собрание, расправа за работата на Народниот правобранител, за почитувањето и заштитата на човековите права...

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците едногласно ги усвои барањата на Народниот правобранител за измена на актите за организација и за систематизација на иниституцијата. Според омбудсманот Иџет Мемети, институцијата сѐ уште работи под капата на извршната власт, а измените треба да донесат поголема независност на Народниот правобранител.

Според Соња Мираковска од НСДП потребен е самостоен буџет за целосна независност на институцијата. Мираковска побара воведување и Полициски ароден правобранител.

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека треба да се дадае зелено светло за унапредување на инстутуцијата, но посочи забелешки во досегашната работа на Народниот правобранител. Милошоски ја поддржа идејата за полицискиот правобранител.

Пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше презентиран извештајот на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите права.

 

Сунчица Николоска