Џафери во официјална посета на Црна Гора

03.07.2017 16:44

Во разговорот со Брајовиќ, Џафери изрази задоволство што првата официјална посета по изборот на новото парламентарно мнозинство е во земја од регионот со која немаме отворени прашања...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Црна Гора на средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ.

Во разговорот со Брајовиќ, Џафери изрази задоволство што првата официјална посета по изборот на новото парламентарно мнозинство е во земја од регионот со која немаме отворени прашања, и не врзуваат пријателство и традиционално добри политички, економски и културни врски и со која делиме исти надворешно политички приоритети.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во двете држави и се согласија дека постои многу простор за проширување и интензивирање на економската соработка.