Неколку земјотреси и ноќеска го потресоа Охридско
04.07.2017 08:40
Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси.

Десетина земјотреси од кои најсилниот со магнитуда од 3,4 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во охридското епицентрално подрачје изминатата ноќ.
Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.
