Мал род на јачменот

04.07.2017 10:14

Почна жетвата на јачменот, односно она што остана на нивите по измрзнувањето и пролетната сушата. Поради непогодите што ги снајдоа, дел од земјоделците нема да имаат никакви приноси и бараат помош од државата.

Годинава житата ги снајде голема непогода, некои ќе нема ни зрно да собере, се жалат земјоделците опишувајќи ја состојбата на нивите и посевите. Комбајните влегоа, но првите резултати од жетвата на јачменот кажуват дека поради студот и суштата, повеќе од половина од насеаните 48.000 хектари се без род.

Полјоделците бараат да се прогласи вонредна состојба за житните култури на територија на целата држава обвинувајќи дека поради екстремно лошите временски услови, приносите кај јачменот се намалени за 70, а кај пченицата и до 50 проценти. Според нив, обесштетување од државата треба да има и бараат надоканада од државната каса од 30.000 денари по хектар, односно во висината на производствените трошоци, и да бидат ослободени од закупнината за земјоделското земјиште.

Според нив, комисиите формирани за штетите од градот и поплавите треба да ги проценат и штетите од сушата.

Со есенската сеидба се насеаа 130.000 хектари со житни култури од кои 75.000 со пченица.

 

Методија Трајков