Северна Кореја истрела проектил кон Јапонија

04.07.2017 10:19

Летањето траело 40 минути и крајната цел можела да биде и ексклузивната економска зона во Јапонија, но ракетата паднала в море.

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонија. Летањето траело 40 минути и крајната цел можела да биде и ексклузивната економска зона во Јапонија, но ракетата паднала в море.

Претходно Пјонгјанг изврши неколку проби во рамките на развојот на ракети со нуклеарна глава кои, според проценките, можат да стигнат и до територијата на САД.

Кина, Јапонија и официјален Вашингтон бараат прекин на нуклеарната програма на Корејскиот полуостров.