Нема притвор и за обвинетите во случајот „Титаник“

04.07.2017 10:43

Обвинетите имаат обврска да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот еднаш неделно, привремено им е одземена патната исправа, а има и забрана за издавање нова патна исправа.

Одбиено е барањето на Специјалното обвинителство за притвор за обвинетите во предметот „Титаник“, соопшти вчера попладне Кривичниот суд во Скопје. Определени се мерки за претпазливост.

Обвинетите имаат обврска да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот еднаш неделно, привремено им е одземена патната исправа, а има и забрана за издавање нова патна исправа.

Против овие решенија на судот е дозволено право на жалба до Апелација во рок од три дена.