Макрон ја укинува вонредната состојба

04.07.2017 10:47

Макрон предложи и намалување на бројот на пратениците за една третина за да се зголеми квалитетот во работата на законодавниот дом.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја укине вонредната состојба којашто беше воведена по нападите во Париз во 2015 година во кои загинаа 130 луѓе.

Во обраќањето во Версајската палата пред претставниците на двата дома на Парламентот, Макрон предложи и намалување на бројот на пратениците за една третина за да се зголеми квалитетот во работата на законодавниот дом.

Потенцираше и дека земјата тргнува во целосно нов правец, што според неговите опоненти, е движење кон монархијата.