Словенија упати дипломатска нота до Хрватска

04.07.2017 12:08

Овој чекор е преземен бидејќи Загреб не го прифатил условот...

Словенија упати дипломатска нота до Хрватска, апелирајќи да ја спроведе одлуката за границата, донесена од Арбитражниот суд во Хаг.

Овој чекор е преземен бидејќи Загреб не го прифатил условот, но и поради инцидентот меѓу словенечката и хрватската полиција и рибарските бродови во пограничното подрачје во Пиранскиот Залив.