Ковалчик прва, Колароска 74-та
Со резултатски супериорна, со натпреварувачки блескава победа на Јустина Ковалчик од Полска заврши трката на 10 километри- класичен стил...

Со резултатски супериорна, со натпреварувачки блескава победа на Јустина Ковалчик од Полска заврши трката на 10 километри- класичен стил. Тоа беше третата дисциплина од олимпиското скијачко трчање во Сочи. Неизвесноста траеше до делницата меѓу шестиот и осмиот километар,кога дотогаш водечката Норвежанка Марит Бјерген нагло забави, овозможувајќи и на Ковалчик непречена победничка завршница.
Резултатот на Ковалчик на целта беше 28.17.8 мин. За 18.4 секунди ја остави зад себе актуелната олимписката победничка од Ванкувер Шарлот Кала од Шведска, а за 28.3 секуннди актуелната светска првенска Терезе Јохауг од Норвешка.Илустрација на нејзината денешна доминантност на патеката. Килонен од Финска беше четврта, а Бјерген петта. На градите на Ковалчик блесна вториот полски златен медал во Сочи, по триумфот на Камил Стох на олимписката скокалница.
Во денешната трка настапи македонската репрезентативка Марија Колароска. На целта стигна како 74-та со 16:28.2 минути заостанување зад победничкото време на Ковалчик.
Резултати: 10км. класично(Ж)
1.Јустина Ковалчик (Пол) 28:17.8 мин
2.Шарлот Кала (Ш) +18.4 сек.
3.Терезе Јохауг (Нор) +28.3 сек.
74. Марија Колароска (МКД) +16:28.2 мин.
