Се разгледуваат сите опции за непречен откуп на пченицата
Какви дополнителни или интервентни мерки ќе се воведат за непречен откуп на пченицата, ќе се знае по анализите кои се веќе во тек, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Според него, сѐ уште не може да се дефинира производствената, ниту пазарната цена на пченицата.

Се анализират состојбите за утврдување на цената на пченицата. Ресорниот министер вели дека е формиран тим што работи на предложените мерки, меѓу кои е и онаа за условен увоз. Се прават и проценки за штетите од невремето. Пренаменети се милијарда денари за да се реализара исплатата.
„Министерството ќе ја соопшти и трошковната цена за производството на пченицата, но и пазарната цена и соодветно на тоа ќе предложиме на Владата предлог- мерки“, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Со 2,5 милиони евра европски пари во наредните 3,5 години ќе се окрупнува земјоделското земјиште.
„Искуствата на земјите од ЕУ покажаа дека е можно консолидацијата да се спроведе со паралелна заштита на животната средина. Тоа мора да се земе предвид, а треба да се искористи и државното земјоделско земјиште за поддршка на консолидацијата на приватните парцели“, изјави евроамбасадорот Семуел Жбогар.
Консолидацијата ќе овозможи зголемена конкурентост, примена на модерни производствени методи и техологии, изградба на подобра рурална инфраструктура.
„ФАО од 2014 година спроведе неколку пилот проекти за консолидација. Еден од заклучоците од проектите е потребата од измена на законската рамка со цел полесна имплемнентација“, изјави Максим Гроган.
Окрупнувањето на земјоделското земјиште, ќе се одвива преку размена на парцелите со или без промена на формата, за да се добијат површини погодни за производство. Обработливите површини ќе се зголемат со инвестирање во хидромелиоративни системи.
Дијана Ценевска
