Водовод: Заостанатиот долг ќе се плаќа на рати

04.07.2017 13:14

Во зависност од висината на долгот, истиот може да се отплати на рати. Од Водовод и канализација напоменуваат дека ослободувањето од камата нема да важи за државните институции, локални самоуправи.

Се обновува одлуката за ослободување од камата на сите корисници на услугите на ЈП Водовод и канализација- Скопје, кои имаат заостанат долг за вода, тужен и редовен дел да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Во зависност од висината на долгот, истиот може да се отплати на рати. Од Водовод и канализација напоменуваат дека ослободувањето од камата нема да важи за државните институции, локални самоуправи.

Управниот одбор донел одлука со која се одобрува физичките лица од социјално ранливите категории кои имаат заостанат долг истиот да можат да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото.