Нова рунда преговори за Сирија во Астана

04.07.2017 14:20

Во Астана допатува и деветчлената делегација од вооружените опозициски сили која индиректно ќе преговара со делегацијата на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Во Казахстан почна петата рунда преговори за Сирија со посредство на Русија, Иран и Турција. Во Астана допатува и деветчлената делегација од вооружените опозициски сили која индиректно ќе преговара со делегацијата на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Паралелно се одржуваат состаноци и во европското седиште на Обединетите нации во Женева.

Сириската војска соопшти дека ќе ги прекине борбите на југот на земјата до 6-ти јули.