Шкотска: Старџен се повлекува од најавениот втор референдум
04.07.2017 14:25
Последните анкети покажуваат дека 43 проценти од граѓаните сакаат повторно гласање.

Шкотската премиерка Никола Старџен се повлекува од најавениот втор референдум за независност поради лошите изборни резултати на Шкотската национална партија (СНП).
Последните анкети покажуваат дека 43 проценти од граѓаните сакаат повторно гласање.
Партијата на Старџен планира на народот да му даде избор на крајот на процесот на Брегзит.
