Усвоен деловникот за работа на Комисијата за надзор над УБК и АР
За ефикасно работење потребно е сите членови и заменици од Комисијата да поседуваат безбедносен сертификат од трет степен- државна тајна...

Новите членови на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање и на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), едногласно го усвоија деловникот за работа на Комисијата. За нејзино ефикасно работење потребно е сите членови и заменици од Комисијата да поседуваат безбедносен сертификат од трет степен- државна тајна. Моментално половина од нив сѐ уште не го поседуваат документот, посочи претседателот на комисијата, Вељаноски.
Членовите на комисијата од СДСМ со предлог и пратениците што не се членови на Комисијата да имаат право да учествуваат на затворените седници доколку имаат безбедносен сертификат. Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Николовски, пак смета дека освен Комисијата и првите луѓе на безбедносните служби треба да имаат право да предложат одредени дискусии да бидат од затворен карактер.
Прва обврска на Комисијата се извештаите за работата на УБК и Агенцијата за разузнавање за 2016-та година. За да бидат разгледани, потребно е сите членови да ги добијат безбедносните сертификати.
Претседателот Вељаноски се надева дека до крајот на месецот извештаите ќе се најдат на дневен ред.
Ана Јосифоска- Тодоровска
