Таравари: Вработување на 30 до 60 медицински сестри во „8-ми Септември“

04.07.2017 15:32

30 до 60 медицински сестри ќе бидат вработени во Градската општа болница „8-ми Септември“, најави министерот Арбен Таравари. Посочи дека има недостакот и од болничари и доктори. Според директорот Стојчев со новите вработувања ќе се отворат операционите сали. Ќе се овозможи и листите на чекање да не бидат долги.

Со вработување на медицински сестри ќе се решава недостигот од овој кадар во некои оддели во градската болница „8-ми Септември“. Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари најави вработување на 30 до 60 медицински сестри. Посочи дека има недостиг и од болничари и лекари, меѓутоа она што е акутно се медицинските сестри.

Според првиот човек на болницата, д-р Сашо Стојчев, целокупниот медицински персонал работи интензивно, со новите вработувања ќе може да ги отворат операционите сали и листите на чекање да не бидат долги.

Стојчев вели дека иако има недостиг од кадар, 95 проценти од капацитетот е пополнет.

Наташа Јанчиќ