Донесена одлука за флексибилно и сменско работење на администрацијата
На седница на Влада донесена е одлука за флексибилно и сменско работење на администрацијата. Новото работно време ќе важи од 1-ви септември.

Владата на нова седница. Во фокусот- состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите од Унијата, статусот на реализацијата на приоритетите за влез во НАТО и реализацијата на Рамковниот договор.
На седница донесена одлука за флексибилно и сменско работење на администрацијата. Новото работно време ќе важи од 1-ви септември.
Според Владата целта е да се одговори на барањата на граѓаните, а овој чекор ќе резултира и со намалување на сообраќајните гужви во утринските и во попладневните часови.
Истовремено ќе се приспособи и работното време на градинките и на училиштата, а списокот на државни органи кои ќе работат двосменски е отворен и ќе се дополнува во согласност со потребите на граѓаните.
