Серија земјотреси во Охридско

05.07.2017 08:52

Најсилниот е почуствуван во 22:05 часот, а утринава во 4:29 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени на длабочина од еден километар.

Пет нови земјотреси од кои најсилниот со јачина од 4,1 степени по Рихер се регистрирани ноќеска во охридското епицентрално подрачје.

Најсилниот е почуствуван во 22:05 часот, а утринава во 4:29 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени на длабочина од еден километар.

Во текот на ноќта, односно во 01:02 часот имало земјотрес со магнитуда од 3 степени на кој му претходеле два потреса во 23:37 часот со јачина од 3,2 степена и 23:16 часот од 3,1 степен.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше завчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.