Пјонгјанг предупреди- најновата ракета може да стигне и до Алјаска
05.07.2017 10:42
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон побара мерки по лансирањето на најновиот тип ракета со која, како што вели, кулиминирала нуклеарната закана од Пјонгјанг.

Според лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун, судирот со САД влегол во завршна фаза бидејќи интерконтиненталната балистичка ракета може да носи голема нуклеарна глава и да стигне и до Алјаска.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон побара мерки по лансирањето на најновиот тип ракета со која, како што вели, кулиминирала нуклеарната закана од Пјонгјанг.
Тој потенцира дека секоја земја која прима севернокорејски работници, и која му помага на Пјонгјанг, е соработник на еден опасен режим.
