Второ пријавување за средните училишта, слободни 24.529 места
На првото пријавување, спроведено на 28-ми и 29-ти јуни, беа примени 11.205 ученици. Од Министерството за образование и наука информираат дека во вториот рок има 24.529 слободни места.

Во средните училишта во државава, денеска се спроведува второто пријавување во јунскиот уписен рок. Резултатите за запишаните ученици ќе бидат објавени утре.
На првото пријавување, спроведено на 28-ми и 29-ти јуни, беа примени 11.205 ученици. Од Министерството за образование и наука информираат дека во вториот рок има 24.529 слободни места.
Уписот во некои гимназии и училишта од медицинската струка е завршен. Во гимназиите има 6.171, а во стручното образование, 18.252 слободни места, информираат од ресорот образование.
Оние што нема да се запишат, ќе имаат уште една шанса, на 24-ти август, а училиштата кои и во двата рока нема да ги пополнат местата, ќе запишуваат ученици до 31-ви август.
