Армиските ренџери дел од вежбата „Заеднички предизвик 2017“ во Црна Гора

05.07.2017 10:56

Заедно со 24-тиот Планински баталјон на Австриската војска и со припадниците на војската на Црна Гора, македонските ренџери демонстрираа користење опрема за јазење, тактичко движење на патека за качување, борбено обезбедување...

Армиските ренџери се дел од вежбата „Заеднички предизвик 2017“, што се одржува во Црна Гора. Ги покажуваат своите способности во совладувањето на тешко пристапен терен на полигонот за обука „Липово“.

Заедно со 24-тиот Планински баталјон на Австриската војска и со припадниците на војската на Црна Гора, македонските ренџери демонстрираа користење опрема за јазење, тактичко движење на патека за качување, борбено обезбедување, спасување повредени во тешки услови и користење хеликоптери за евакуација на повредени.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, кој ќе присуствува на утрешното затворање на вежбата, се сретна со началникот на Генералштабот на војската на црна гора, генерал-потполковник Љубиша Јокиќ и со Министерот за одбрана Предраг Бошковиќ.