Уставните судии расправаат за екстерното
По иницијатива на Наставничкиот пленум, се разгледува правилникот за начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот за екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите...

Уставните судии расправаат дали екстерното тестирање е уставно или не. По иницијатива на Наставничкиот пленум, се разгледува правилникот за начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот за екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот од екстерното проверување во средните училишта што го донесе министерот за образование и наука во април 2013 година.
Пред еден месец, новата Влада го укина екстерното во основните и во средните училишта.
