Советот на јавните обвинители ќе ја продолжи седницата за предметот „Пуч“
Случајот во јануари беше повлечен од Специјалното обвинителство, бидејќи во истрагата за „Тврдина“ се појавиле докази што биле спротивни на процесот за „Пуч“, во кој е обвинет и премиерот Зоран Заев.

Советот на јавните обвинители треба да ја продолжи седницата почната во четвртокот, за постапувањето по предметот „Пуч“. Случајот во јануари беше повлечен од Специјалното обвинителство, бидејќи во истрагата за „Тврдина“ се појавиле докази што биле спротивни на процесот за „Пуч“, во кој е обвинет и премиерот Зоран Заев.
Советот одлучи дека за прашањето дали предметот „Сопот“ го предава на Специјалното јавно обвинителство, во рок од 8 дена мора да се произнесе Обвинителството за организиран криминал и корупција.
СЈО неколку пати бараше да му биде предаден случајот, со тврдење дека имаат докази и дека клучниот сведок бил подложен на тортура.
Во „Сопот“, 11 жители од селото беа осудени на вкупно 156 години затвор. Прогласени се за виновни за поставување мина во кумановското село во 2003 година, при што загинаа двајца полски војници од контингентот на НАТО и еден цивил.
