Друштвото на писатели на Македонија одбележува 67 години од постоењето

13.02.2014 13:57

За местото и улогата на Друштвото на писатели во изминатиот период говореше претседателот на ДПМ Раде Силјан...

Во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) се одржа собир по повод 67-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.

За местото и улогата на Друштвото на писатели во изминатиот период говореше претседателот на ДПМ Раде Силјан, а беа врачени наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2013 година.

Добитници на високите признанија се: Братислав Ташковски  со награда „Ацо Шопов“ за поезија, Венко Андоновски – награда „Стале Попов“ за проза, Владимир Мартиновски - наградата „Димитар Митрев“ за критика, Александар Кујунџиски - наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и Делвина Крлуку со награда „Книжевен мост“ за книга објавена на јазиците на националните заедници во Македонија.
 
Друштвото на писателите на Македонија е основано во 1947 година. Досега во македонската писателска асоцијација членувале околу 450 писатели од сите генерации.